сабота, септември 16, 2006

Меѓународен ден на слободен софтвер

Денот на слободниот софтвер (16 септември) (Software Freedom Day) претставува славење на слободниот софтвер насекаде низ светот. Целта на прославата е да се запознае јавноста со придобивките од користењето на слободниот софтвер во образованието, владините институции, дома и во деловниот сектор.

Насоките за одбележувњето на Денот на слободниот софтвер ги дава непрофитната организација Софтверска слобода интернешнал (Software Freedom International), додека волонтерски тимови организираат свои настани во нивните земји со цел да ја подигнат свеста за слободниот софтвер во своите заедници.

Македонија се приклучува кон глобалната заедница во одбележувањето на Денот на слободниот софтвер. По тој повод Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“ .

понеделник, август 28, 2006

Нова одлука на тимот

Тимот кој беше ангажиран за локализација на слободен софтвер на ромски јазик, одлучи да направи пауза до 07.09.2006 г. За време на оваа пауза тимот ќе работи на листата на термини кои се користат во оваа иницијатива. Исто така ќе развива нови планови за локализацијата.

Доколку сметате дека може да помогнете во активностите на оваа иницијатива, во името на тимот ве молам контактирајте не'.

amit@metamorphosis.org.mk

петок, август 25, 2006

МАРАТОН во Акција ! ! !

Преведувачкит маратон продолжува со полна пареа! На денешниот одржан маратон се приклучија уте 4 нови Роми од Тетово кои сакаат да придонесат во сферата на слободниот софтвер на ромски јазик. Се преведуваше во два дела, од 10:00 до 13:00 и од 15:00 до 18:00 часот.
Благодарност до АДРР „Сонце“ од Тетово

Јавен повик до сите кои сакаат да придонесат во преводот.
amit@metamorphosis.org.mk

Преведени и првите стрингови од GAIM

Пробниот преведувачки маратон на слободен софтвер на ромски јазик се одржа на 23.08.2006 г. во компјутерската лабараторија на АДРР „Сонце“ од Тетово. По големите дискусии во врска со дијалектите, учесниците ентузијасти почнаа со превод на GAIM instant messenger. Се преведуваше 4 часа и 30 минути :)

понеделник, август 21, 2006

Одржана обука за Линук и Кбабел

На 14.08.2006, 8 ромски активисти имаа можност да се запознаат со ГНУ/ЛИНУКС и развојната алатка КБАБЕЛ. Освен обуката, беше договорен понатамошниот план за локализацијата на слободен софтвер на ромски јазик. На оваа средба учесниците се договорија за следново:
1. Проширување на тимот на локализација
2. Изнаоѓање ресурси на ромскиот јазик
3. Временски период на локализацијата
4. Листа на слободен софтвер за превод
- Gaim (instant messanger)
- Mozilla Firefox (web Browser)
- Mozilla Thunderbird (e-mail Client)

Прва локализација на слободен софтвер ромски јазик

Почитувани,
Дозволете и вас да ве информираме дека во наредната недела (14 - 18 август) ќе се одржи обуката за локализација на слободниот софтвер на ромски јазик во Македонија.
Обуката ќе се одржи во компјутерската лабараторија на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „СОНЦЕ“ од Тетово.
Сите заинтересирани можат да дојдат и да придонесат во оваа иницијатива.
Се надеваме дека и ромската заедница ќе добие слободен софтвер на својот јазик.

Со почит